Ако оние што се платени да го прават тоа не реагираат, ние не можеме да стоиме на страна. Последниве денови Општина Аеродром самостојно го собираше отпадот, затоа што хигиената на нашата општина не смее да зависи од изговори.
Да, тоа ја чинеше општината повеќе од 50.000 евра дневно. Пари што можеле да се вложат во паркови, училишта или детски катчиња. Но, ова не беше трошок, беше потреба. Затоа што чисти улици, уреден град и достоинството на граѓаните се нешто што нема цена.
Ние нема да чекаме некој друг да ја заврши работата. Ќе продолжиме да делуваме посветено, тивко и одговорно, секој ден, за Аеродром да биде подобро место за живеење, рече моменталниот градоначалник Митески.
