Денес ќе бидат извлечени двојките за плејофот СП 2026, што ја очекува Македонија?

плејофот

Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денес ќе бидат извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026.

Во четвртиот шешир за европските баражи се наоѓа и македонската репрезентација заедно со Шведска, Романија и Северна Ирска.

Овие селекции во полуфиналето ќе добијат ривал од Шешир 1 во кој се сместени: Италија, Данска, Турција, Украина.

Другите четири двојки ќе бидат формирани од вториот (Полска, Велс, Чешка, Словачка) и третиот (Ирска, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово) шешир. 

Ќе се играат две рунди: полуфинале (26 март 2026 година) и финале (31 март 2026 година). Четирите победници ќе се пласираат на Светското првенство 2026 година.

Жрепката во Цирих ќе почне во 13 часот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен