Трамп го именува Дрискол за нов специјален пратеник за Украина

Доналд Трамп денеска го именувал секретарот на американската армија Даниел П. Дрискол за нов специјален пратеник за промоција на мировниот план за завршување на војната во Украина, објавија американските медиуми.

Дрискол како дел од американската делегација составена од високи воени претставници беше во посета на Киев пред два дена, при што се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Планирано е Дрискол кон крајот на идната недела да ја посети Москва, каде со претставници на Кремљ директно ќе разговара за деталите на американскиот мировен план за Украина.

Планот на САД за мировен договор за војната во Украина беше претставен неодамна, а денес украинскиот претседател Володимир Зеленски формираше украинска делегација за мировните преговори.

Денес 11 држави од иницјативата Г20 потпишаа заедничка изјава со која бараат „доработка“ на предлог договорот за мир.

Зачлени се на нашиот е-билтен