Словенија сепат го прифати „Шутаровниот закон“. На 26 ноември 2025 година, претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, го потпиша „Шутаровиот закон“ и го објави во Службениот весник. Законот стапи во сила вчера. Тој сега ѝ овозможува на полицијата цели населби населени со Роми да ги означи како „безбедносни зони“, дозволувајќи влез во домовите без налог, проверка на идентитет без сомневање, проширен надзор и казни што го надминуваат месечниот приход на многу семејства со ниски приходи.
Она што го прави овој момент уште позначаен е тоа што се случи и покрај глобалната видливост на ромските гласови, итните изјави на меѓународните организации за човекови права и директниот апел на Европската Унија да се избегнат прекршувања на основните права, институционалните заштитни механизми и стандардите на ЕУ против дискриминација.
За случајот многу се известуваше низ Европа и пошироко, но владата продолжи понатаму. Државата на која долго ѝ се веруваше поради демократската доверливост сега усвои мерки за кои се очекуваше дека ќе ги спречи. Со еден потпис, Словенија премина од контроверзија кон структурни промени – рамка на внатрешна безбедност што го третира идентитетот како сомневање. Најлошото можно сценарио сега се материјализира. А она што започнува со малцинското население ретко завршува таму.
Ромската фондација за Европа изразува длабока загриженост по усвојувањето на таканаречениот „Шутаров закон“ од страна на навионалното собрание на Словенија.
„Овој закон претвора цели населби во безбедносни зони, а нивните жители во безбедносни категории“, оцени Менсур Халити, потпретседател на Фондацијата Рома за Европа и основач на фондацијата Роми за Демократија. „Го намалува политичкиот трошок од таргетирањето на оние кои веќе се исклучени од слободно и фер политичко учество за политичка добивка.“

