СДСМ: Наместо на лозарите, власта дава 10 денари по килограм за неколку винарии

После скандалот со ИПАРД на повидок е уште еден во низата коруптивни скандали во ресорот земјоделство и тоа на штета на земјоделците и на лозарите порача на денешната прес-конференција Александар Димитриевски од СДСМ.

„Според нашите инфорации, пред три дена, на 25.11.2025 на владина седница е донесена одлука за дополнување на програмата за интервентен фонд со мерка за доделување на финансиска поддршка за откупен килограм грозје, ама не за лозарите, туку за винариите. Оваа одлука се уште не е објавена во Службен весник.

Но внимавјате сега, одлуката не е за 2, не е за 3, туку за 10 денари по откупен килограм да им се додели на винариите! Владата на Мицкоски и министерството на Трипуновски нема пари по 3 денари да им даде на лозарите ама ќе им дава 10 денари по килограм на винариите откако преходно им даде 2 денари.

Она што е еднакво запрепастувачки е што периодот е само за откупено грозје во периодот од 17.09.2025 – 31.10.2025 година. Ова е скандалозно и недозволиво а мириса, смрди и на корупција.

Прво оваа наменска мерка на владата значи финансиска поддршка само за многу мал број на винарии, а не за лозарите. Зошто мал број винарии се поважни од лозарите? Второ, висина на финансиската поддршка од десетина милиони денари е оргомна а се однесува на мал број на корисници. Трето периодот за кој истата ќе важи“ рече Димитриевски.

Од СДСМ прашуваат и по која основа е донесена оваа мерка и ја повикаа Владата истата да ја поништи.

„Дали оваа мерка е креација на договор во четири очи и однапред се знае кој ќе ги добие парите?

СДСМ бара Владата да ја поништи оваа одлука веднаш бидејќи е на штета на лозарите и затоа што е основа за корупција. Антикорупциската комисија, Обвинителството и сите други надлежни институции за злоупотреба на парите на граѓаните да го испитаат овој крајно коруптивен скандал и да реагираат.

Станува збор скандалозен обид за испумпување на државни средства и поигрување со секој вреден земјоделец кој со месеци чека на државната финансиска поддршка“ порача Димитриевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен