Според планот на Стармер илегалните мигранти ќе бидат депортирани во Северна Македонија која е наречена „центар за враќање“

Британскиот The Sun, објави статија во која пишува дека Северна Македонија од неодамна започна формални разговори со Велика Британија за депортирање на илегални мигранти во земјава.

Депортацијата која ќе ја прави Велика Британија, пишува, весникот доаѓа поради големиот број на нелегални имигранти кои тврдат дека се модерни робови, за да останат во Велика Британија и дека со тоа тие ги исмеваат британските закони.

„Велика Британија е во преговори со Македонија за формирање „центар за враќање на мигранти“, при што Велика Британија е подготвена да му плати на Скопje за секое лице што ќе го земе“, пишува The Sun.

Како дел од пакетот – договорот, Велика Британија, би инвестирала во земјата и би понудила безбедносна поддршка за да помогне во спротивставувањето на руското влијание.

Македонија е една од неколкуте нации што ја разгледуваат идејата за “прифатни центри” со цел намалување на притисокот врз границите на Велика Британија.

Според предлогот, на мигрантите отстранети од Велика Британија ќе им биде дозволено да бараат азил во Северна Македонија.

Тие нема да бидат притворени или ограничени, што значи дека можат да ја напуштат земјата доколку сакаат.

Тие исто така ќе бидат поттикнати да бараат азил или да земат работни визи во секторите каде што има недостиг, како што е градежништвото.

Планот претставува централен столб на новиот пристап на Сер Кир Стармер за намалување на преминувањата преку Ла Манш, откако тој му призна на претседателот Макрон минатиот месец дека во моментов „нема ефикасно одвраќање“.

Косово е исто така во разговори со Велика Британија за сличен центар, иако нејзиниот премиер вели дека земјата има „ограничен капацитет“.

Зачлени се на нашиот е-билтен