Британските аналитичари велат, за самите мигранти, за Велика Британија и за Македонија, ова е вин-вин решение.
Зоран БОЈАРОВСКИ
Додека во Македонија, Владата и ВМРО-ДПМНЕ невешто и крајно нејасно и со контроверзни изјави се обидуваат да го гасат или стават под контрола пожарот што според сите индиции самите си го запалија, во Велика Британија оваа тема е централна во нивните дебатни телевизиски емисии.
Во овие дебати учествуваат новинари, аналитичари, но и членови на политички партии на власта и на опозицијата кои имаат заеднички став дека предложеното решение или договор мигрантите да се однесат во Македонија е добро решение.
Велат, за самите мигранти, за Велика Британија и за Македонија, ова е вин-вин решение. Мигрантите кои не можат да добијат азил во Англија имаат можност да заминат за Македонија како нивна трајна дестинација зашто британците не можат да ги вратат од нивните родни земји затоа што таму за нив било опасно.
Односно, мигрантите кои ќе ги испраќаат во Македонија ќе бидат впрочем оние кои не добиле азил во Велика Британија, најчести зашто се со криминално досие, соработници на тамошните режими итн.
Од друга страна елаборираат дека на Македонијаи ѝ недостасуваат работници, особено градежници и дека тоа е причината зошто македонските власти се подготвени да прифатат мигранти.
Според дел од нив, мигрантите во Македонија ќе имаат право да останат како економски мигранти.
На прашањето колку ќе ја чини ова Велика Британија, учесниците во овие дебати заклучуваат „многу помалку отколку тие луѓе да ги чуваат во Британија“.
Британски аналитичари објаснуваат дека со ова Македонија станува офшор дестинација за мигранти и дека мигрантите ќе дојдат во Македонија за да воспостават свој нов живот – а не како попатна или привремена дестинација.
Така што, очигледно е дека навистина станува збор за нивно најверојатно трајно доселување тука, а не за Македонија како транзитна станица до трети дестинации.
Македонија и искуствата со мигрантите и бегалците
Северна Македонија е земја која има искуство со мигрантските движења и со бегалците од војни. Нашата земја беше под притисок на големите мигрантски бранови пред петнаесет или десттина години, но тогаш тие транзитираа низ нашата територија. Се разбира, за време на мигрантската криза тогаш, Македонија се позиционираше согласно меѓународните концвенции за бегалци и мигранти и ја даваше целата поддршка во собирните мигрантски кампови.
Нашата земја тогаш ги доби највисоките признанија на меѓународната заедница, на ЕУ, на мултилатераните организзации за бегалци, а како врв на тие политики беше и првиот договор меѓу Северна Македонија и ЕУ за ФРОНТЕКС како заедничка програма за следење, контрола и институционално постапување на границите во однос на мигрантите.
Такви признанија Македонија доби и за прифаќањето на граѓаните на Авганистан кои бегаа од талибанскиот режим и кои по месец-два привремен престој во нашата земја, сите ја напуштија државата упатувајќи се кон трети земји, во најголем број во Канада.
Тогаш, а и пред тоа ВМРО-ДПМНЕ уште како опозиција во 2017/2019 година ја плашеше јавноста со населување на мигранти во државата. Тие дури одеа на локации каде наводно ќе се граделе мигрантски кампови и собираа потписи за наводен референдум против мигрантски кампови.
Овие хомофобични и ксенофобични кампањи на ВМРО-ДПМНЕ, се разликуваат и со ситуациите што Македнија ги имаше во 1999 година, кога за време НАТО интервенцијата во Србија, неколку илјади бегалаци од Косово ја преминаа границата со Македонија кај Блаце.
Тогаш, починатиот претседател Борис Трајковски, во својство на заменик министер за надворешни работи рече: Слушам на „CNN” дека стално кружи една, да не кажам за мене и увредлива констатација дека ова е срам за Македонија. Ова е срам за меѓународната заедница. Никој од вас не прашува кој се проблемите на оваа влада и на оваа држава. Многу убаво вие следите од далеку во Шведска ги следите настаните. Јас ќе ви предложам нешто конкретно: Пратете 100 авиони на скопскиот аеродром и пренесете ги во Стокхолм.“
За разлика од тој случај сега ВМРО-ДПМНЕ договара со Велика Британија да ги профати мигрантите од островот во Македонија и тоа не како транзитна земја, туку како трајна дестинација.
Зошто тајност за мигрантското прашање во договорот со Велика Британија
Веќе станува јасно дека заедничката соработка околу мигрантите е дел од стратешкиот договор вреден 5 милијарди евра што го постигнале македонската и британската влада. Впрочем и објавата на амабасадата на Велика Британија, која првенствено има(ше) за цел да помогне во гаснењето на пожарот, го потврдува тоа:
„Двете држави соработуваат преку Заедничката единица за миграција, во борбата против нерегуларната миграција и организираниот миграциски криминал, засилувајќи ја безбедноста и преземајќи мерки против криминалните мрежи“.
Но, треба да биде јасно, јавноста во Македонија, која, како што видовме погоре, има искуство со мигрантите, најмалку што очекува е за ова нејзината влада да преговара тајно, а да тврди дека нема договор за прифаќање на мигрантите што ќе бидат депортирани од Велика Британија.
Затоа треба да е јасно дека овде не стануца збор кампања против мигрантите, тукуа за неодговорноста на владата, која прво преговара за ова прашање, а второ крие и е апсолутно нетранспарентна.
Во овој случај фокусот е на нетранспарентната власт којашто си поигрува со довербата на граѓаните што и дале за право и глас да ја спроведува извршната власт.
Освен што е нетранспаретна за договорот со Британците за ова прашање, јавноста има апсолутно право да знае дали владата направиле проценка на безбедносниот ризик, доколку навистина постигнала договор за прифаќање на мигранти.
Дали за ваков договор има правен акт, уредба, план…
Од сето ова сосема е јасно дека за одговори на сите овие прашања, адресата е Владата на Северна Македонија, со оглед на фактот дека од другата страна веќе имаме јасни укажувања дека договор има.

