Блумберг за Македонија во 2026 година: Раст на БДП од 2,9% и инфлација од 4%

Блумберг

Економската активност во регионот Адрија остана отпорна до крајот на 2025 година, поддржана првенствено од домашната побарувачка, зголемувањето на платите и силните пазари на трудот, додека надворешната побарувачка и динамиката на инвестициите останаа нееднакви, посочуваат од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во новата регионална макроекономска анализа, во која меѓу другото се даваат проекции за клучните економски параметри во следната година.

За Македонија тие очекуваат раст на БДП од околу 3 проценти во 2025 година и мало ублажување на околу 2,9 проценти во 2026 година, следствено на нормализирањето на инвестицискиот бум.

„Инфлацијата останува постојано висока, со вкупна инфлација од 4 проценти на годишно ниво во ноември 2025 година. Просечната инфлација се очекува да остане околу 4 проценти и во 2025 и во 2026 година“, велат аналитичарите.

Зачлени се на нашиот е-билтен