Хаос на „Милош Велики“: верижен судир кај тунелот Мунјионо Брдо

Верижен судир со повеќе возила утринава (16 јануари) го блокираше автопатот „Милош Велики“ во западна Србија, на делницата кон Пожега, пред тунелот Мунјионо Брдо, во реонот на местото Крстач.

Според првичните информации, во судирот учествувале девет патнички возила и еден камион, а четири лица биле повредени и пренесени на лекарска помош, дел од нив во болницата во Чачак.

Од Полициската управа во Чачак, за РТС, било посочено дека видливоста на тој дел од автопатот била намалена на околу 50 метри поради густа магла, по што сообраќајот бил обуставен во правец кон Пожега.

Подоцна, српските медиуми објавија дека 57-годишен маж, кој бил примен со тешки повреди и сместен на интензивна нега во Чачак, починал, додека останатите тројца повредени биле со стабилни параметри и под дијагностика.

Во текот на интервенцијата, возачите биле пренасочувани и на алтернативен правец преку Овчар Бања, додека службите работеле на расчистување и нормализирање на сообраќајот.

Зачлени се на нашиот е-билтен