Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ТВ серијата „Црвениот поет“ посветена на Кочо Рацин ќе биде прикажана во рамките на 60. Рацинови средби

ТВ-серијата „Црвениот поет“, посветена на Кочо Рацин и ќе биде прикажана во рамките на 60. Рацинови средби, кои ќе се одржат од 9 до 15 јуни, откако беше соопштено дека Општина Велес ги обезбедила авторските права.

Прикажувањето на серијата ќе се одвива од понеделник до 14 јуни на отворено во вечерните часови.

„Серијата е во продукција на ‘Сектор филм’, сценариото е на Сашко Насев, режијата на Никола Поповски. Прикажувањето ќе биде во амфитеатарот во Младинскиот парк и е бесплатно и достапно за сите граѓани“, соопшти Александра Андреева, претставничка на локалната власт на Велес.

Серијата „Црвениот поет“ е снимена во 2016 година и досега не е емитувана на националните телевизии. Има 10 епизоди. Рацин го игра актерот Александар Ристоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен