Вечерва Македонија против Данска во првиот меч за пласман на СП

Македонија вечерва од 20:45 часот во Копенхаген го игра полуфиналниот меч од баражот за пласман на Светското првентство во фудбал 2026.

Селекторот Гоце Седлоски кој вечерва ќе го има дебито изјави дека тимот е подготвен и дека ќе даде сè од себе за да се врати со успех во Скопје.

„Нашата цел е да дојдеме тука, да играме и иако сите мислат дека не сме фаворити… улогата на фаворит ѝ ја оставаме на Данска. Но понекогаш фаворитите не победуваат. Нашата цел е да ја елиминираме Данска“, изјави Седлоски.

Со Данска досега имаме одиграно три меѓусебни натпревари, со една победа, еден пораз и едно реми.

Натпреварот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген започнува во 20:45 часот.

Ако вечерва ја победиме Данска, тогаш во финалето на плејофот ќе играме против подобриот од мечот Чешка – Ирска.

Зачлени се на нашиот е-билтен