Некплку месеци пред почетокот на досега најмасовното Светско првенство во фудбал кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, ФИФА излезе со нови правила кои ќе се спроведат за време на Мундијалот.
Целта на новите правила е да се дојде до побрз фудбал, помалку одолговлекување и поголема правичност на теренот. Во тој контекст, ќе се прошири и улогата на ВАР-технологијата, која отсега ќе може да интервенира и при втор жолт картон, како и при одлуки за корнер, но само во случаи на очигледна судиска грешка.
Меѓу клучните измени што ќе стапат на сила се неколку мерки насочени кон дисциплина и динамика:
- Фудбалерите што ќе бидат заменети ќе мора да го напуштат теренот во рок од 10 секунди, во спротивно тимот ќе мора да чека дополнителна минута да се направи замената.
- Изведувањето на аут ќе биде временски ограничено – доколку не се изведе во рок од пет секунди, топката ќе му припадне на противникот.
- Играчите што добиле лекарска помош ќе мора привремено да излезат од игра и да се вратат по една минута.
- ВАР сега може да проверува и втори жолти картони и одлуки за корнер доколку има „јасна и очигледна грешка“.
Светското првенство почнува на 11 јуни, а финалето ќе се одржи на 19 јули.