Арина Сабаленка е втората финалистка во женското финале на Мастерсот во Мајами.
Таа во полуфиналето беше поуспешна од Елена Рибакина со резултат 2:0 во сетови (6:4 и 6:3). .
Сабаленка стана четвртата тенисерка од 2000 година која успеала да игра финале на првите четири турнири во тековната сезона.
Нејзина противничка во финалето ќе и биде Американката Коко Гоф, која беше убедлива во мечот против Каролина Мухова препуштајќи и само два гема 2:0 во сетови (6:1 и 6:1).
Финалниот меч ќе биде 13.ти меѓусебен дуел на Сабаленка и Гоф, а скорот е 6:6 во победи.