Легендарниот Кари Пешиќ заминува во пензија

Трофејниот српски тренер Светислав Пешиќ, најави пензионирање од кошарката на крајот од тековната сезона.

Легендарниот „Кари“ кој ја води екипата на Баерн Минхен и кој зад себе има освоено речиси се што може да се освои ја соопшти веста во интервју за германски „Билд“.

„Како што пишувам во книгата: еднаш тренер, секогаш тренер. Секогаш ќе бидам активен во кошарката, ќе држам предавања и слично. Но, кон крајот на мојот живот повеќе не можам да бидам главен тренер. Знам дека луѓето нема да ми веруваат кога ќе кажам дека си заминувам. Но, по оваа сезона, навистина е доволно. Имам прекрасна куќа во Барселона, каде што живее дел од моето семејство. И сакам почесто да бидам во мојот Пирот. Сакам да го живеам животот од поинаква перспектива. Но, по оваа сезона, навистина е доволно“, рече Пешиќ.

Легендарниот тренер со СР Југославија го освои златниот медал на Светското првенство во 2002 година, во 1993 година го освои Европското првенство со Германија, како и во 2001 година со СР Југославија, додека во 2003 година ја освои Евролигата со Барселона.

Со Србија беше вицешампион на светот во 2023 година, а една година подоцна на Олимписките игри во Париз ја освои бронзата.

Зачлени се на нашиот е-билтен