Кој е Дмитриј Константинович Зиков, новиот руски амбасадор во Македонија, одликуван од Путин?

Зиков
Рускиот амбасадор Дмитриј Константинович Зиков на предавањето на акредитивите во кабинетот на Претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова

На 3 април претседателката Гордана Сиљановска Давковс, ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков.

Претседателката изразила уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право.

За амбасадорот Зиков, пак, преставувањето на неговата земја на македонско тло е висока мисија.

Но, кој е Дмитриј Константинович Зиков?

Новиот амбасадор на Руската Федерација во Северна Македонија Дмитриј Константинович Зиков е дипломат од кариера, награден од претседателот Владимир Путин во 2018 година со медалот Орден за „Заслуги за татковината од прв степен“, според портретот што го исцрта порталот за проверка на факти Вистиномер.

Во документот што може да се најде на страниците на руското Министерство за надворешни работи, може да се види дека Зиков е награден „за значаен придонес во спроведувањето на надворешната политика на Руската Федерација и долгогодишна совесна работа“.

Зиков беше назначен за „Вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“, со Указ на Путин од 25 декември 2025 г.

Според руската агенција ТАСС, досегашниот амбасадор Сергеј Баздникин, кој бил ослободен од должноста на почетокот на декември, по враќањето во Москва започнал да го раководи Историско-документарниот оддел на МНР на РФ и тоа може да се види на веб страна на руското МНР.

Агенцијата додава дека Зиков пред неговото назначување во Скопје беше заменик-директор на Вториот европски оддел на руското Министерство за надворешни работи. 57-годишниот дипломат има ранг на вонреден и ополномоштен амбасадор од прва класа, додава руската агенција.

Вториот европски оддел на руското МНР, каде што Зиков бил заменик директор, ги опфаќа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Кипар, С. Македонија, Романија, Србија, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора.

Директорот на овој оддел, Јуриј Пилипсон, пред неколку дена (21.12.) во пошироко интервју за ТАСС изјави дека „единството против нашата земја (Русија -н.з.), е клучна порака во работата на европската бирократија со регионалните престолнини, вклучувајќи го и Скопјe, веќе многу години“.

Зачлени се на нашиот е-билтен