Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последното деноноќие

Четири пријави за семејно насилство се регистрирани во последните 24 часа информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 05.04.2026 во 06:30 часот во СВР Скопје 50-годишна жена од скопско пријави дека околу 01:00 часот во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Б.(52). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 04.04.2026 во 02:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Г.(26) поради тоа што околу 01:30 часот физички ја нападнал неговата 25-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.04.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје 48-годишна жена од скопско пријави дека на 04.04.2026 од страна на нејзиниот сопруг Г.П.(52) и биле упатувани закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 04.04.2026 во 21:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ѓ.Б.(35) од Штип, по претходна пријава дека околу 14:30 часот во двор од семејна куќа физички го нападнал неговиот 64-годишен татко и му нанел тешки телесни повреди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Зачлени се на нашиот е-билтен