Разликата во стандардите меѓу Европската Унија и Македонија станува сè поизразена со воведувањето на новите правила за емисија на штетни гасови. Додека Европа се подготвува за Еуро 7, Македонија сè уште дозволува увоз и регистрација на возила со значително постариот Еуро 4 стандард.
Стандардот Еуро 7 почнува да се применува од крајот на ноември 2026 година за нови модели на автомобили и комбиња, а од ноември 2027 година за сите нови возила на пазарот.
Она што е новина, за првпат се регулираат и емисиите на честички од сопирачките и гумите, што е релевантно и за електричните возила.
Мерењата на издувните гасови ќе се вршат во реални услови на возење, а не само во лабораторија, за да се осигура дека возилата се навистина „чисти“ во секојдневието.
Со овие стандарди се воведуваат и построги правила за долготрајност на батериите кај електричните возила и зголемени барања за километража (до 200.000 км) до која возилото мора да ги задржи еколошките перформанси.
Додека новите европски правила ќе важат од 29 ноември за лесните возила, а за автобусите и камионите од 2027 година, во Македонија продолжува увозот на возила според стандардот еуро 4. Единствената разлика е што при увоз на вакви возила давачките се повисоки. Како резултат на лабавата политика во земјава се увезуваат четири половни на едно ново патничко возило.