Свеченото отворање на Фестивалот на француски филм „Корзика во фокус”, ќе се одржи во среда, 17 јуни 2026 година, во 19:00, во киното Синеплекс.
И ова издание, кое ќе трае од 17 до 20 јуни, е посветено на современата француска филмска кинематографија, која се одликува со креативност, автентичност и динамика и е една од најинтересните гласови на европската кинематографија. Ова издание, кое повторно се организира по пауза од девет години, ќе понуди четири значајни филмски остварувања, но и единствена можност за средба со режисерите и актерите. Гости на фестивалот се режисерите Жилиен Колона, Тјери де Перети и Фредерик Фаручи, како и актерите Алекси Мананти и Андреа Коси. Тие ќе се сретнат со македонската публика по проекциите, а нивното присуство ќе придонесе фестивалот да биде не само филмски настан, туку и простор за размена и дијалог.
Покрај проекциите, во рамките на фестивалот се предвидуваат и професионални средби на француските синеасти со домашните филмски професионалци и со студентите од Факултетот за драмски уметности.
Ова издание се одржува во особено значаен контекст за француско-македонската културна соработка.
Имено, потишувањето на Меморандумот за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и Амбасадата на Франција, на 12 јуни, во Францускиот институт во Скопје, отвора нови перспективи за соработка во аудиовизуелниот сектор, филмот, културните и креативните индустрии, професионалната обука, уметничката мобилност и размена.
Ова е филмската програмата:
Среда, 17 јуни · 19:00 · Синеплекс
Свечено отворање со филмот „Кралство” (Le Royaume) на Жилиен Колонаи разговор со режисерот
Четврток, 18 јуни · 19:00 · Синеплекс
„Фотографка” (À son image) на Тјери де Перети и разговор со режисерот
Петок, 19 јуни · 19:00 · Синеплекс
„Мохиканец” (Le Mohican) на Фредерик Фаручи, со Алекси Мананти во главната улога и следи разговор со режисерот и актерот
Сабота, 20 јуни · 20:30 · Кинотека
Проекција на отворено на филмот „Грабнување” (Le Ravissement) на Ирис Калтенбек.
