Ден на жалост во Киев, во еден од најсилните руски напади, убиени се најмалку 30 лица

Киев
EPA/Sergey Dolzhenko

Денес во Киев е прогласен ден на жалост по повод еден од најсилните руски напади врз украинската престолнина од почетокот на војната, во кој најмалку 30 лица беа убиени, а повеќе од 90 беа повредени во ноќта помеѓу среда и четврток.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека има уште граѓани чија судбина е непозната, а меѓу нив се родителите на десетгодишно момче, кое е хоспитализирано, како и на 15-годишно девојче.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека повеќе од сто станбени згради се оштетени во нападите, кои Москва ги окарактеризира како одмазда за украинските напади со беспилотни летала врз Русија.

Според украинските власти, четири лица се убиени во Сумиската област, вклучувајќи жена и нејзината ќерка, во руски напади со беспилотни летала синоќа.

Најчитано