Аргентина преживува вистинска фудбалска лудница во Атланта, откако од негатива од 0-2 стигна до водство од 3-2 против Египет во осминафиналето на Светското првенство.
Египет беше на чекор до една од најголемите сензации на Мундијалот. Јасер Ибрахим погоди со глава во 15. минута, а драмата стана уште поголема кога Лионел Меси промаши пенал во 21. минута. Во второто полувреме, Мостафа Зико по асистенција на Мохамед Салах зголеми на 2-0 и го турна актуелниот светски шампион кон работ на елиминација.
Но Аргентина не се распадна. Кристијан Ромеро ја врати надежта со гол за 1-2, а Меси потоа со мајсторија до гол, по промашениот пенал и израмни на 2-2, претворајќи го натпреварот во вистински хаос.
Кулминацијата дојде во судиското продолжение, кога Енцо Фернандез погоди за 3-2 по асистенција на Лисандро Мартинез. Аргентина, која до пред неколку минути беше пред сензационално испаѓање, направи пресврт што може да стане еден од најдраматичните моменти на целиот турнир.
Египет одигра храбро, паметно и без страв, но против шампионот не беше доволно само да се поведе со два гола. Аргентина повторно покажа дека може да преживее и кога изгледа дека сè е изгубено.
Аргентина обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе го чека победникот од дуелот Швајцарија – Колумбија.
