Изгледа Орце и по трет пат ќе го смени билбордот на влезот на Скопје, кој ќе ги плати трошоците?

билбордот

По сѐ изгледа градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и по трет пат ќе треба да го менува билбордот на влезот на Скопје. По скандалозниот направен со ВИ со коњ со пет нозе, лимен човек на него и непостоечка црква, најверојатно ќе следува ново дизајнерско решение заради притисокот на ДУИ кои реагираат на јазиците испишани на билбордот.

Добредојдето е напишано на македонски и англиски, но не и на албански, што според ДУИ, е задолжително и „во согласност со законот и со реалноста на Скопје“.

„Ова покажува дека станува збор за свесна одлука да се игнорираат албанскиот јазик и мултиетничкиот карактер на Скопје. Во двојазичен град, исклучувањето на албанскиот јазик од официјалните натписи претставува тешка политичка и институционална провокација и прекршување на законот.

ДУИ бара итна корекција на билбордите и поставување на албанскиот јазик, во согласност со законот и со реалноста на Скопје.

Доколку законот не биде спроведен, ќе ги преземеме сите правни, институционални и демократски мерки за заштита на албанскиот јазик и достоинството на Албанците.

Политичката одговорност за овој континуиран модел на игнорирање на Албанците паѓа врз ВЛЕН, кои со својата вазалност создадоа уверување дека интересите и правата на Албанците можат да се прекршуваат без никакви последици“, се вели во соопштението.

Прашањето сега е кој ќе го плати следното, трето решение, ако веќе второто, без воин на коњ со ВИ, како што рече Ѓоргиевски, бил на сметка на ангажираната компанија за изработка на билбордот.

Најчитано