Повторно колони кон Грција, на Богородица се чека до 45 минути

Зголемена фреквенција на возила повторно е регистрирана на граничниот премин Богородица, каде утрово за излез од Македонија кон Грција се чека околу 40 до 45 минути.

Интензитетот на сообраќајот е зголемен и на патните правци надвор од градските средини, во период кога голем број граѓани патуваат кон летните туристички дестинации.

На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата. Состојбата на премините може брзо да се менува во зависност од приливот на возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува приспособена брзина и внимателно управување, особено низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од одрони.

Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации и времен режим.

Најчитано