СДСМ: Евростат го потврди дебаклот на Мицкоски, Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

СДСМ

Евростат објави поразителни бројки, го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа, се истакнува во соопштението до медиумите на СДСМ.

“Евростат ја покажа суровата реалност за економската мизерија во која живеат македонските граѓани после две години Влада на Мицкоски и ВМРО. Зад Македонија нема друга земја, пред нас се Босна и Херцеговина, Турција, Црна Гора, Србија…“, посочуваат од опозициската партија.

СДСМ укажува на тоа дека додека Мицкоски зборува за „трета економија во Европа“, „поголем раст од ЕУ“, и за „економско чудо“, Евростат ја покажува реалноста.

„Каква трета економија, какво економско чудо, Македонија е на дното. Евростат ја објави реалноста дека македонските граѓаните живеат полошо од сите граѓани во Европа. Тоа е економското чудо на Мицкоски – во факти. А тоа најдобро го знаат граѓаните на Македонија“, оценува во реакцијата СДСМ.

Со Мицкоски сме заглавени на дното, е констатацијата на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

Најчитано