Филипче: Водата во Скопје е под закана заради Лепенец, ако имало загадена вода во Гостивар во мое време, зошто немаше епидемија?

Филипче

Ако имало загадена вода во Гостивар во мое време, зошто немаше епидемија, одговори претседателот на СДСМ Венко Филипче на прашањето како ги коментира најавите на премиерот Мицкоски дека ќе бара обвинителството да се позанимава со податоци за степенот на загедана вода во Гостивар од годините кога министер за здравствио беше Филипче.

За Филипче тоа е само обид да се пренасочи вниманието од сериозниот проблем во Горстивар.

„Показател за задоцентата реакција на институциите е информацијата за Комисијата за заразни болести со предупредување за можна појава на заразни болести, на што СДСМ укажа уште пред четири, пет дена“, рече Венко Филипче.

Постапувањето со проблемот со водата во Гостивар е чиста импровизација, оцени Филипче.

„Дури и техничката вода е под знак прашање колкава е нејзината исправност и носи ризик зашто храната во угостителските објекти се мие со таа вода. Нема никакви гаранции, ниту мерки за да се заштити населението од други болести“, предупреди претседателот на СДСМ.

Поради сето тоа, не можат да не обвинат дека шириме паника, рече Филипче.

„Тоа се однесува и на загадената вода во Лепенец. Нема објаснување од каде дојде загадувањето и до кој степен, а во сливот на таа река се и неколку бунари со кои се надополнува со вода и изворот Рашче со кој се снабдува Скопје“, предупреди Филипче.  

Најчитано