Македонец фатен на српски граничен премин по меѓународна потерница од Грција

Грција

Полицијата го уапси З. В., државјанин на Северна Македонија, на граничниот премин Богоево поради меѓународна потерница од Грција за издржување казна.

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Одделот за меѓународна оперативна полициска соработка (Интерпол), во соработка со полициските службеници од Управата за гранична полиција, го уапсија З. В. (1969), државјанин на Република Северна Македонија, по кого е распишана меѓународна потерница на барање на Грција за издржување затворска казна од 16 години за кривично дело основање криминална организација за извршување на кривично дело компјутерска измама.

З. В. е уапсен на граничниот премин Богоево, на влезот во Србија, а постапката за негова екстрадиција во Грција е во тек.

Најчитано