[Видео] Се судрија два противпожарни хеликоптери во Грција, еден екипаж е спасен

противпожарни хелокоптери

Два хеликоптери кои учествуваа во гаснењето на големиот пожар западно од Атина се судрија, објави Противпожарната служба.

„За време на операцијата за гаснење пожар во областа Псата, два хеликоптери кои учествуваа во операцијата за гаснење пожар се судрија. Силите беа веднаш мобилизирани за операција за пребарување и спасување на екипите, која е во тек“, соопшти Противпожарната служба.

Екипажот од два пилота на еден од хеликоптерите е пронајден. Тие наводно можеле веднаш да комуницираат. Тие се префрлени со брза помош во Општата воздухопловна болница во Атина. Нивната состојба и судбината на вториот екипаж сè уште не се познати.

Двата хеликоптери полетале од воздухопловната база Елефсина.

Оваа вест e во развој ќе биде ажурирана.

Најчитано