Основнто јавно обвинителство во Скопје информира дека е поднесена жалба на ослободителната пресуда за случајот ,,Талир 2″.
„Надлежниот јавен обвинител ја прими првостепената пресуда и вложи жалба“ информираа од Обвинителството.
Инаку, пред неполн месец во Кривичниот суд беше изречена ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски, кој беше обвинет во ,,Талир 2″, за незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Судијката Даниела Алексовска-Стојановска рече дека ослободителната пресуда е резултат на измените на Кривичниот законик од 2023 година, бидејќи тие навидум минорни измени на Кривичниот законик, всушност, многу влијаеле на битието на кривичното дело.
Во април годинава, предметот „Талир 2“ го презема обвинителот Кристијан Смилевски од ОЈО Скопје, откако обвинителката Ленче Ристовска си поднесе оставка.
