Денеска до 18:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 2 се под контрола, а 12 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во Општина Новаци – с. Гнеотино, м.в. Ергела (ниска вегетација);
Општина Долнени – с. Ропотово и с. Бело Поле (стрниште); Општина Струмица – излезот од с. Сачево кон с. Муртино (стрниште и ниска вегетација); Општина Македонски Брод – с. Слатина, м.в. Слатински Мост (ниска вегетација и грмушки).
Пожари под контрола се во Општина Делчево – Депонија Делчево (депонија); Општина Македонски Брод – с. Грешница, м.в. Стојанова Населба (ниска вегетација, деградирана шума и грмушки).
Изгаснати пожари:
Општина Петровец – помеѓу селата Долно и Средно Коњаре (ниска вегетација);
Општина Карпош – Момин Поток (ниска вегетација и грмушки);
Општина Бутел – с. Луботен (ѓубре);
Општина Гостивар – с. Паталишта (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
Општина Гостивар – Кејот на Вардар (ѓубре);
Општина Гостивар – помеѓу селата Чајле и Форино (ниска вегетација);
Општина Тетово – с. Селце (ѓубре);
Општина Василево – с. Доброшинци (депонија);
Општина Кичево – с. Црвивци (стрниште);
Општина Могила – с. Могила, кај реката (ниска вегетација);
Општина Могила – с. Могила (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Прилеп – м.в. Германски гробишта (ниска вегетација).
