Филипче: Горди сме на македонската Армија и успехот да биде дел од НАТО

Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод Денот на Армијата, упати честитка до сите припадници на Армијата на Република Северна Македонија.

Филипче порача дека Армијата е еден од столбовите на безбедностa и стабилностa, а припадниците на Армијата имаат огромна заслуга во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на државата.

 „Честит 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Денес оддаваме признание и почит на сите припадници на македонската Армија за нивната професионалност, посветеност и несебичен ангажман во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на државата. Армијата е еден од столбовите на нашата безбедност и стабилност. Горд сум што бев дел од Владата на СДСМ, која со правилни државнички политики овозможи државата да биде дел од најмоќниот воен сојуз НАТО, што е историски успех за нашата држава. Со членството во НАТО ја обезбедивме безбедноста и територијалниот интегритет на земјата, а нашите војници заедно со војниците на земјите-членки дејствуваат согласно стандардите на Алијансата, даваат помош на граѓаните при елементарни непогоди и учествуваат во сите меѓународни мировни мисии. Како држава мора да продолжиме да градиме институции кои се сигурни, професионални и подготвени да одговорат на секој предизвик и да ја продолжиме борбата за европската иднина на Северна Македонија. Честит Ден на Армијата”, порача Филипче.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?