Говорот на омраза, навредите и насилството сè почесто се пренесуваат и во дигиталниот простор, каде младите секојдневно се соочуваат со пораки што можат да повредат, понижат или исклучат.
Во новото емотивно видео, Македонски Телеком ја отвора токму оваа тема и повикува на повеќе разбирање, емпатија и одговорност во начинот на кој комуницираме едни со други.
Пораката е едноставна – зад секој профил и секој екран има човек, а секој од нас може да придонесе интернетот да стане место со помалку омраза.
