Двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ се запали утрово кај видиковецот на Средно Водно, а густиот црн чад беше видлив од повеќе делови на Скопје. Според првичните информации, во автобусот немало патници и нема повредени.
Станува збор за автобус од линијата 25, која сообраќа до Средно Водно. На местото интервенираа екипи на скопската противпожарна бригада.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информираше дека пожарникарите работат на гаснење на автобусот и дека нема опасност огнот да се прошири кон блиската вегетација.
Директорот на ЈСП „Скопје“, Саше Илиевски, потврди дека според првичните информации во автобусот немало патници во моментот кога избувнал пожарот.
Причината за пожарот засега не е позната. Се очекуваат дополнителни информации од ЈСП, МВР и надлежните служби по завршувањето на интервенцијата.

