СДСМ: Владата да каже колку чини Дејвид Гета, како фирма со блокирана сметка и должнк на УЈП, го добила бизнисот

СДСМ

СДСМ бара Владата да ја објави целосната сума што ќе биде потрошена за одбележувањето на 35-годишнината од независноста, обвинувајќи ја власта за нетранспарентност околу трошоците за прославата.

Од опозициската партија велат дека граѓаните имаат право да знаат колку чинат сите активности, вклучително и најавениот настап на светски познатиот диџеј Дејвид Гета.

Според СДСМ, настапот на Гета чини најмалку еден милион евра, а со дополнителните трошоци за бина, озвучување, обезбедување и други активности, вкупната сума, според нивни проценки, може да достигне и пет милиони евра.

„Како е донесена одлуката да се потрошат над пет милиони евра?“, прашуваат од СДСМ, барајќи од Владата да ги објави податоците за трошоците и начинот на кој е избран организаторот.

Од партијата дополнително тврдат дека компанијата „Авалон“, која ја најавува Владата како организатор, има блокирана сметка и се наоѓа на листата на должници на УЈП. СДСМ прашува како било одлучено токму оваа компанија да го организира настанот без јавен повик или тендер.

Од СДСМ ја обвинија власта и за, како што велат, дрзок однос кон новинарите и јавноста, оценувајќи дека граѓаните имаат право да добијат одговори за трошењето на јавните средства.

Владата досега не ја соопшти целосната вредност на прославата, ниту ги потврди проценките на СДСМ за вкупните трошоци.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?