Славески: За математика и читање не ги бива, ама им нема рамни за забава

Славески

Трајко Славески, гувернерот на Народната банка на Северна Македонија, има свое мислење за младите и за катастрофалните резултати на македонските уленици на ПИСА тестовите.

Славески, во слободно време инфлуенсер, на платформата Х напиша:

Не може за сѐ да нѐ бидува: ако мнозинството наши ученици имаат проблем да го разберат прочитаното, не им “оди” математиката а природните науки се “шпанско село” за две третини од нив, сепак им нема рамни за забава!

Според фотографијата придружена на објавата, неговиот пост се однесува на вчерашниот настан на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје и настапот на францускиот диџеј Дејвид Гета за 35 години независност на Македонија, кој беше посетен од илјадници млади луѓе. 

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?