Четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“ започнува вечерва во 18:30 часот во Mega Shopping Park во Гевгелија. До недела, 13 септември, посетителите ќе можат да дегустираат локални производи, вина и традиционални специјалитети, а на сцената ќе настапат повеќе македонски музичари и состави.
Првата фестивалска вечер ќе биде посветена на домашниот ајвар. Посетителите ќе можат да ја следат неговата подготовка и да го дегустираат заедно со други производи од гевгелискиот регион.
Во сабота во фокусот ќе бидат смоквите и производите од нив, а последниот фестивалски ден ќе биде посветен на традиционалната ракија. Во гастрономската понуда ќе учествуваат и македонски винарии со избор на вина.
Музичката програма вечерва ја отвораат ЗГУД „Негорци“ и ЗГУД „Браќа Толеви“, по што ќе настапат Филип Стојанов, „Пауза за ракија“, „Куку Леле“ и „Брас Брадарс“.
Во сабота на сцената ќе бидат КУД „Танец“ од Миравци, „Леге Артис“, Кико Болеро и „Болеро бенд“, „Нокаут“, како и Игор Џамбазов и „Гуру Харе“.
Последниот ден програмата започнува во 14 часот со настапи на младите музичари од Пионерскиот дом, а ќе продолжи со ансамблот „Бојмија“, танцовото студио „Мистик“, детскиот фестивал „Калинка“, Наталија Данаилова и „Два Бона“. Фестивалот ќе го затвори Каролина Гочева со настап во 22:30 часот.
Програма
Петок, 11 септември
18:30 – ЗГУД „Негорци“ и ЗГУД „Браќа Толеви“
19:30 – Филип Стојанов
20:45 – „Пауза за ракија“
22:10 – „Куку Леле“
23:50 – „Брас Брадарс“
Сабота, 12 септември
18:30 – КУД „Танец“ – Миравци
19:15 – „Леге Артис“
20:15 – Кико Болеро и „Болеро бенд“
21:30 – „Нокаут“
23:15 – Игор Џамбазов и „Гуру Харе“
Недела, 13 септември
14:00 – Школа за гитари при Пионерскиот дом
15:00 – Школа за тапани при Пионерскиот дом
17:00 – Ансамбл „Бојмија“
17:45 – Танцово студио „Мистик“
18:30 – Интернационален детски музички фестивал „Калинка“
19:45 – Наталија Данаилова
21:00 – „Два Бона“
22:30 – Каролина Гочева
Во петок и сабота програмата ќе трае од 18:30 до 1 часот по полноќ, а во недела од 14 часот до полноќ. Водители на трите фестивалски вечери ќе бидат „Диверзија“ и Марко „Дај побрзај“.
„Taste the South“ е фестивалски бренд на Општина Гевгелија и преку гастрономијата, локалните производи и музиката ја промовира понудата на јужниот дел на Македонија.

