Бред Пит откри кога ќе почне снимањето на „Ocean’s 14“

Бред Пит и Џорџ Клуни повторно ќе играат заедно во „Ocean’s 14“, но снимањето се одложува. Пит во разговор за „Варајети“ откри дека екипата планира да се собере на сет кон крајот на 2027 година. Според претходниот распоред, камерите требаше да се вклучат во декември 2026 година.

Пит го сподели новиот термин на холивудската премиера на „The Further Mis-Adventures of Cliff Booth“. Со него и со Клуни во своите улоги се враќаат Џулија Робертс, Мет Дејмон и Дон Чидл. Режијата му е доверена на Дејвид Лич, кој го режираше и „Bullet Train“ со Пит.

Во новиот филм, годините ќе бидат дел од приказната. Клуни претходно навести дека неговиот Дени Оушн и екипата ќе мора да најдат поинаков начин да ја изведат следната кражба, бидејќи веќе не можат да се потпрат на старите трикови. Последниот филм со Клуни и Пит во серијалот, „Ocean’s Thirteen“, излезе во 2007 година. За „Ocean’s 14“ засега нема објавен датум за премиера.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?