Дождот реши да се вмеша во турнирот и, за жал, го освои последниот поен.
Поради најавените врнежи, финалниот викенд на Mavrovo Open 26′ закажан за 12 и 13 септември, нема да се одржи овој викенд, соопштија организаторите.
Но, велат тие, турнирот не завршува тука! Полуфиналето и финалето допрва треба да ги добијат своите победници, а и Семи-про двојките сè уште се немаат претставено на терен.
Во најбрз можен рок ќе биде објавена информацијата за новиот термин за одигрување на натпреварите, за да можете навреме да си ги испланираат обврските на сите што учествуваат во овој настан.
„Знаеме дека многумина од вас со нетрпение го чекаа овој последен викенд, но ако нешто научивме од Маврово, тоа е дека времето овде има свој карактер. Ќе се вратиме на терен, ќе ги завршиме мечевите и ќе го затвориме Mavrovo Open 26′ како што треба“, се вели во известувањето.
Тимот на Mavrovo Open благодари на разбирањето и на целата енергија што сите ја донеса на турнирот досега.

