Фејсбук страницата „Прилепските работи“, објави видео со наслов „Патот до ЕУ“ со назнака „Гледај до крај“.
И има што да се види. Скоро завршен локален пат, се гледа нов асфалт, „свежо“ обележана патна крајпатна сигнализациј, пешечки премини, тротоари од двете страни… Од убаво поубаво.
Само што овој убаво среден пат, според видеото некаде во близина на „Жито Прилеп“, патот завршува… никаде. Лево, десно, нема каде да се оди.
Толку од овој пат во Прилеп кој страницата „Прилепските работи“ го насловила „Патот до ЕУ“.
Општина Прилеп очигледно добро проценила кој пат е приоритет за асфалтирање.

