Во Скопје од вечерва започнува нов циклус терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци, кој ќе трае до 19 септември. Третманот ќе се спроведува во вечерните и ноќните часови, од 22:00 до 03:00 часот.
Од Град Скопје информираат дека прскањето ќе се изведува на подрачјето на целиот град, а доколку временските услови не дозволат третманот да се спроведе во планираниот термин, активностите ќе бидат одложени за првиот нареден ден со поволни услови.
Градските власти упатија и известување до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства за време на дезинсекцијата.
Ова е продолжение на сезонските третмани против комарци што Град Скопје ги спроведува во текот на летото и почетокот на есента, со терестични и авионски интервенции. На 9 септември, на пример, беше најавена и посебна дезинсекција против ларви од комарци.

