Триесет и едногодишен скопјанец, кој претходно бил пријавен за исчезнат, синоќа е пронајден починат во водите на Охридското Езеро, во близина на автокамп.
Според информациите на полицијата, телото на Б.С. од Скопје било пронајдено околу 22 часот, на приближно 50 метри од брегот, по преземени мерки од езерската полиција и СВР Охрид.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а идентитетот го потврдил член на семејството. По наредба на јавен обвинител, врз телото ќе биде извршена обдукција.
Младиот човек бил пријавен за исчезнат на 14 септември во 18:10 часот. Пријавата ја поднел неговиот 68-годишен татко, со кого престојувал во автокамп во Охрид.

