Фирма поврзана со македонскиот конзул Адеми, почестила албанска министерка со вила

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) заплени луксузна вила на јонскиот брег, која, според истрагата, е поврзана со разрешената албанска вицепремиерка и министерка за инфраструктура Белинда Балуку, но и со фирма која води до почениот конзул Валон Адеми во

Според истражувањето на ИРЛ, Балуку била осомничена дека фаворизирала конзорциум предводен од компанијата „Alko-Impex General Construction“ на тендер вреден околу 24 милиони евра за изградба на дел од обиколницата околу Тирана. Како противуслуга, фирмата, според обвинителството, ѝ изградила луксузна вила во туристичкиот комплекс „Green Coast“ кај Дерми, проценета на близу половина милион евра.

Компанијата е поврзана со косовскиот бизнисмен Имер Адеми, татко на Валон Адеми, почесен конзул на Северна Македонија во Гњилане.

ИРЛ објавува и дека во македонското Министерство за надворешни работи недостасува значителен дел од документацијата за именувањето на Адеми за почесен конзул во 2020 година. Од Министерството претходно најавиле внатрешни проверки на случајот.

Извор: ИРЛ

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?