Случај Ласкарци: Апелација не ја објаснила одговорноста на осудените

Врховниот суд го објави образложението на одлуката со која ја укина пресудата на Апелациониот суд за автобуската несреќа кај Ласкарци и предметот го врати на повторно постапување.

Во образложението се наведува дека Апелациониот суд не дал доволно конкретни одговори на клучните жалбени наводи, ниту детално објаснил како дејствијата на секој од осудените се поврзани со несреќата и врз кои докази е утврдена нивната кривична одговорност.

Врховниот суд оценил дека и во првостепената пресуда преовладува описно прикажување на доказите, без доволно образложение за заклучоците на судот, додека Апелација на овие недостатоци одговорила со воопштени констатации.

При повторното постапување, Апелациониот суд ќе треба да ги разгледа сите жалбени наводи и да донесе нова, целосно образложена и законита одлука.

Во случајот, Апелациониот суд претходно ги зголеми казните за дел од обвинетите. Дурмиш Белули и Ремзи Мифтари добија по 10 години затвор, додека Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски по седум години. Казните за Јане Боваровски и возачот Маноил Трифуновски останаа пет, односно 14 години.

Во автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари 2019 година загинаа 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?