СДСМ: Димитриевски призна дека ЗНАМ е е проект на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

Опозициската СДСМ го обвини лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, дека со изјавата оти е можна и „ЗНАМ 3.0“ практично признал дека политичкиот проект е поврзан со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

„Можело да се јави и ЗНАМ 3.0“, посочува СДСМ, оценувајќи дека ваквата изјава претставува признание оти ЗНАМ е „сателит“ на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ тврдат дека ЗНАМ настанал како проект чија цел била да го ослаби СДСМ, а по парламентарните избори во 2024 година партијата влезе во владината коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Влегоа во власта, станаа дел од организирана криминална група ВМРО“, се наведува во соопштението, при што СДСМ ја обвинува партијата на Димитриевски дека е политички сателит на владејачката партија.

Опозицијата дополнително го поврзува ЗНАМ со прашањето за јавните набавки, тврдејќи дека новата верзија на политичкиот проект, како што ја нарекуваат „ЗНАМ 2.0“, била поврзана со тендери во вредност од 1,6 милиони евра.

СДСМ, меѓутоа, не наведува конкретни тендери, институции или документи со кои ги поткрепува овие тврдења, туку прашува дали Димитриевски знае за уште еден политички проект на Мицкоски, имајќи ја предвид неговата најава за можна „ЗНАМ 3.0“.

„Сега, кога Максо призна, а знаеме дека ЗНАМ 2.0 зеле 1,6 милиони евра, прашањето е колку тој зел за првата верзија на ЗНАМ?“, прашува СДСМ.

ЗНАМ, предводен од Димитриевски, по парламентарните избори во мај 2024 година освои шест пратенички мандати и стана дел од владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН. Димитриевски е градоначалник на Куманово и претседател на ЗНАМ.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?