Денес без струја делови од повеќе скопски општини

Повеќе делови од Скопје денес, привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, информира ЕВН Македонија.

Во Општина Бутел, без струја од 7:50 до 9:50 часот ќе биде дел од улицата „Костурска“.

Прекин е најавен и во Општина Сарај, каде од 8:30 до 14 часот без електрична енергија ќе остане дел од главната улица во реонот кај маркетот „Ер Грос“ и „Јони Хоум Центер“.

Во Општина Кисела Вода, од 9 до 14:30 часот без напојување ќе бидат корисници од улиците „Емил Зола“ и „Мишко Михајловски“.

Прекините се планирани и се поврзани со активности на електродистрибутивната мрежа. ЕВН ги упатува корисниците информациите за планираните исклучувања да ги следат преку операторот на дистрибутивниот систем.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?