Најмладата милијардерка излегува од затвор

Елизабет Холмс, основачката на пропаднатиот стартап за тестирање крв Theranos, во август следната година би требало да биде преместена од затвор во центар за ресоцијализација, пишува „Гардијан“.

Холмс (42) во 2022 година беше осудена на повеќе од 11 години затвор откако ги измами инвеститорите за стотици милиони долари. Нејзината компанија лажно тврдела дека може да открива голем број заболувања, вклучително и рак, со само неколку капки крв.

Федералната управа за затвори ги известила жртвите на измамата дека Холмс наскоро ќе биде преместена во транзитниот центар во Остин, во Дел Вале, Тексас. Таа моментално ја отслужува казната во федерален затвор во Брајан, Тексас, а нејзината казна досега неколкупати била намалувана.

И покрај скратувањето на казната, судијата Едвард Давила во судските документи навел дека казната и натаму е соодветна на тежината на делото.

„Ревидираната казна за Елизабет Холмс и натаму е праведна казна за нејзиното тешко кривично дело. Таа служи и како потсетник дека правдата на крајот ќе биде задоволена“, напишал Давила.

Според податоците на затворската управа, целосното ослободување на Холмс е предвидено за февруари 2030 година.

Интересот за нејзиниот случај повторно се зголеми по објавувањето на документарецот на комичарот Нејтан Филдер, „You Can See Everything“. Филмот ги следи Холмс и нејзиниот партнер Били Еванс во периодот пред нејзиното заминување во затвор и на почетокот на издржувањето на казната.

Дополнителни шпекулации за нејзината иднина предизвика и информацијата дека Еванс собрал милиони долари за нов стартап за медицински тестирања. Според написите, и самата Холмс по излегувањето од затвор планира да живее во Остин.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?