Вчера објавивме кој му го плаќа лобирањето на Мицкоски во Америка, тоа е приватна фирма за муниција, оружје. FARA 6170. 1,56 милиони долари годишно, рече портпаролката на СДСМ Богаднка Кузеска
Таа рече дека СДСМ го објавила и планот за рудниците – антимон, Иливица–Штука, Казан Дол и како што кажа, распрoдажба на земјата.
„Нема одговор од организираната криминална група. Има кампања против претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.
Ги открија сите карти. Орбановите и медиумите на Вучиќ во Македонија.
Таканаречени независни аналитичари како ВМРО-овецот Јове Кекеновски. Соработници на БИА. Геро, Ивона, Латас по социјални мрежи. Ботови на СНС. Трол-фарми преку израелска фирма.
Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0.
Сите заедно против единствениот бастион на слободата – СДСМ. Сите заедно против Филипче, кој секој ден се бори против оваа банда, на терен, со граѓаните, со народот што едвај го врзува крајот со крајот.
Ете, граѓаните сега имаат црно на бело. Тендери за основачите на Платформата „за иднината на Мицкоски”. 1,6 милиони евра. Помалку од Гета. Повеќе од нивната чест“ порача Кузеска.

