Дел од Аеродром и Ново Лисиче утре остануваат без вода

Дел од корисниците во Аеродром и Ново Лисиче утре, 28 септември, ќе останат без вода поради изведување водоводен приклучок на булеварот „Видое Смилевски Бато“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека ќе се изведува водоводен приклучок Ф-150 милиметри на булеварот „Видое Смилевски Бато“ бб, во близина на полициската станица.

Поради работите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците долж булеварот „Видое Смилевски Бато“.

Прекинот ќе започне во 8 часот наутро и ќе трае до завршување на работните активности.

Од претпријатието не е наведено точно време кога водоснабдувањето повторно ќе биде нормализирано.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?