Филипче: Тие што за малку ќе ја закопаа партијата ги прати Мицкоски против СДСМ

Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека токму оние кои ја довеле партијата до најтешката состојба, денес повторно се активирани во обид да работат против СДСМ, посочувајќи на поранешни функционери кои, беа дел од највисоките партиски структури во 2024 година кога партијата го имаше најголемиот пораз.

„Па тие за малку ќе ја закопаа партијата. Таму на масата вчера седеа неколку луѓе и сите беа дел од тимот којшто учествуваше во работата до 2024 година. Игор Ивановски ја правеше програмата. Андреј Петров беше член на Извршниот одбор на партијата, шеф на штаб на избори. Славјанка Петровска држеше една од највисоките министерски функции за одбрана“, рече Филипче.

Филипе праша што направиле тогашните функционери за да ги спречат постапките кои, му нанесоа штета на рејтингот на СДСМ.

„Дивеењето на Артан Груби. Што кажаа овие другари тогаш? Направија нешто да го спречат за да не ни го оштети рејтингот тој однос? Францускиот предлог тука го презентирал на состанокот на Извршниот одбор Бујар Османи, и Андреј Петров сега вика: ‘Па зошто Венко збори за францускиот предлог?’ Па што кажа, тој тогаш кога го презентираше Бујар Османи? Се побуни? Имаше став? Тогаш беше добар францускиот предлог или тогаш беше лош?“, рече Филипче.

Тој ги повика поранешните функционери да одговорат и за измените на Кривичниот законик од 2023 година.

„Понатаму, што кажаа тројцата кога се смени Кривичниот закон во Собранието? Чин трагичен. Еден од најтрагичните чинови во нашата историја. Амнистија за криминалци. Што кажаа тие другари? Тука седеа во највисоките партиски ешалони. Па реформата е затоа што нив ги нема, затоа што тие ќе ја закопаа за малку партијата. Ете затоа излегуваат сега и затоа ги праќа Христијан Мицкоски да не дефокусираат, за да ни го одземат вниманието. Ама нема да успеат“, рече Филипче.

Филипе потсети дека партијата ја презеде во најтешката состојба во нејзината историја и дека СДСМ продолжува со процесот на консолидација.

„Па јас ја презедов во најтешката состојба било кога на нас во историјата. Не е лесна борбата, не е лесна комуникацијата со луѓето. Мораме да им кажеме дека сме научиле лекции, дека имаме добри политики, дека сме конзистентни, дека имаме нови политики и стварно имаме“, рече Филипче.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?