Голема полициска акција во Прилеп: претреси на околу 30 локации, под истрага и полицајци

Прилеп

Голема полициска операција се спроведува од рано утрово во Прилеп и околината, при што се вршат претреси и проверки на околу 30 локации, објави „НетПрес“, повикувајќи се на неофицијални информации.

Според информациите на медиумот, на терен се распоредени припадници на специјалните единици и униформираната полиција, а акцијата ја спроведува Министерството за внатрешни работи преку Бирото за јавна безбедност.

„НетПрес“ објавува дека операцијата е дел од поширока истрага насочена кон сомнителна организирана криминална структура.

Според неофицијалните информации објавени од медиумот, истрагата е поврзана со сомневања за активности поврзани со наркотици. Под лупа, наводно, се и лица од полициските структури за кои постојат сомневања за можна поврзаност со лица или активности што се предмет на истрагата.

Засиленото полициско присуство е забележливо на повеќе локации во Прилеп и во поширокото подрачје, а акцијата сè уште трае.

Слични информации за полициската операција и претресите на околу 30 локации објави и „Плусинфо“, исто така повикувајќи се на неофицијални извори.

Засега нема официјална потврда од МВР за деталите од операцијата, бројот на евентуално приведени или осомничени лица, ниту за резултатите од претресите.

Рацин.мк ќе ги следи информациите од надлежните институции за текот и исходот на акцијата.

Извор: НетПрес

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?