Скопје утре на „Бела ноќ“ – концерти, изложби и бесплатен превоз

Скопје утре, 3 октомври, ќе биде домаќин на 22. издание на „Бела ноќ“, со концерти, изложби, диџејски настапи, театар и програма за деца на повеќе локации низ градот. Манифестацијата ја организираат ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје.

Централната програма на плоштадот „Мајка Тереза“, пред МОБ, почнува во 18 часот со детскиот фестивал „Поточиња“, а потоа следува „Театар за тебе“. Од 19:30 часот ќе настапи DJ Bono, во 20:30 „Допамин бенд“, а во 22 часот Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“. По полноќ програмата продолжува со DJ Tammy и DJ Toshevv.

Електронска музика ќе има и кај фонтаната „Лотус“, како и на платото пред Музејот на современата уметност, каде од 20 часот е најавена програмата „IN BETWEEN 04“.

На Боемска улица ќе се одржи „Боемска бела ноќ“, а во Домот на градежниците, Чифте амам и „Мала станица“ ќе бидат поставени повеќе изложби.

Дел од програмата е и Археолошкиот музеј, кој ќе понуди бесплатен влез и програмата „35 предмети, 35 приказни“. Настани се најавени и во МКЦ, Музејот на Град Скопје, Старата скопска чаршија, на Мостот на уметноста, улица „Македонија“ и во други културни простори.

Вечерната програма ќе трае од 19 до 3 часот по полноќ, додека детските и дневните содржини почнуваат порано.

За време на манифестацијата ЈСП ќе обезбеди бесплатен јавен превоз од 18 часот, а бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Не, немам доверба дека знаеме што навистина јадеме 1035 (64%)
64 %
Делумно, но потребни се почести и построги контроли 328 (20%)
20 %
Не можам да проценам, недостигаат доволно информации 172 (11%)
11 %
Да, контролите се доволни и храната е безбедна 79 (5%)
5 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Не, немам доверба дека знаеме што навистина јадеме 1035 (64%)
64 %
Делумно, но потребни се почести и построги контроли 328 (20%)
20 %
Не можам да проценам, недостигаат доволно информации 172 (11%)
11 %
Да, контролите се доволни и храната е безбедна 79 (5%)
5 %