Ова се најгостопримливите градови во светот во 2026 година

Лисабон, Alexander De Leon Battista, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons
Лисабон, Alexander De Leon Battista, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons

Каде во светот ќе се чувствувате најдобредојдено? Читателите на Condé Nast Traveller го дадоа својот одговор, а на врвот на листата за 2026 година се најде Мелбурн.

Годишната листа е дел од Readers’ Choice Awards, а патниците ги оценувале градовите според тоа каде добиле најтопло добредојде – од локалци кои им помогнале да се снајдат во метрото, до љубезни домаќини и продавачи.

Мелбурн освои 98,52 поени од 100, а магазинот го издвоил поради неговата уметничка атмосфера и специфичниот европски дух.

На второто место е Порто со 98,33 поени, додека Сеул е трет со 97,94. Лисабон е четврти, а Амстердам ја заокружува првата петорка.

Интересно е што листата значително се разликува од минатогодишната. Од десетте најдобри градови од 2025 година останале само Лисабон и Кејптаун. Минатогодишниот победник, Кито, годинава воопшто не се најде во топ 10.

На листата на десетте најгостопримливи градови во светот за 2026 година, првото место го зазеде Мелбурн, Австралија, со 98,52 поени. Втор е Порто, Португалија, со 98,33, а трет е Сеул, Јужна Кореја, со 97,94 поени.

Во топ 10 следуваат Лисабон со 97,50 поени, Амстердам со 97,35, Перт со 97,28, Џајпур со 96,67, Буенос Аирес со 96,37, Бангкок со 96,16 и Кејптаун со 96 поени.

Од листата се издвојуваат и различните причини поради кои градовите ги освоиле патниците – од инклузивноста на Амстердам и гостопримството на Џајпур, до опуштеноста на Перт и познатата „земја на насмевките“, Тајланд, претставена преку Бангкок.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?